• вторник, 14 мај 2024

Кинескиот претседател се сретна со делегација американски сенатори

Кинескиот претседател се сретна со делегација американски сенатори

Пекинг, 9 октомври 2023 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска се сретна со делегација  сенатори од САД, предводена од лидерот на демократското мнозинство во Сенатот Чак Шумер, јавија странските агенции.

Во последниве месеци, Кина и Соединетите Американски Држави, кои се спротивставени по низа прашања, го обновија дијалогот преку серија посети на високи американски функционери во Пекинг со цел да се обидат да ги намалат разликите.

Односот меѓу Пекинг и Вашингтон е од клучно значење за иднината на човештвото, нагласи кинескиот претседател.

„Односите меѓу Кина и Соединетите Американски Држави се најважни во светот. Како Кина и САД се согласуваат во еден свет опфатен со немири ќе биде одлучувачко за иднината и судбината на човештвото“, му рекол Си на Шумер. паг/

Фото: МИА архива



Остани поврзан