• среда, 28 август 2024

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024

Париз, 27 јули 2024 (МИА) - Кинескиот тим во стрелање со воздушна пушка во мешани двојки го освои првиот златен медал на Олимпијадата во Париз.

Во финалето претпладнево кинеските спортисти ја совладаа селекцијата на Јужна Кореја со резултат 16:12. Селекцијата на Казахстан го освои бронзениот медал, победувајќи ја Германија.

Пласман на најдобрите во Стрелање со воздушна пушка на 10 метри екипно микс:
1. Кина
2. Јужна Кореја
3. Казахстан
4. Германија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан