• вторник, 05 ноември 2024

Кинеската амбасада во Еквадор привремено ги запира конзуларните услуги

Кинеската амбасада во Еквадор привремено ги запира конзуларните услуги

Пекинг, 10 јануари 2024 (МИА) - Кинеската амбасада во Еквадор соопшти дека кинеските дипломатски претставништва во оваа латиноамериканска земја од денеска привремено ги прекинуваат конзуларните услуги откако еквадорскиот претседател Даниел Нобоа изјави дека неговата земја е во состојба на „внатрешен вооружен конфликт“.

„Продолжувањето со услугите ќе биде објавено во догледно време“, соопшти амбасадата во пораката на шпански јазик објавена на кинеската социјална мрежа WeChat.

Еквадорскиот претседател Нобоа ја даде својата изјава за „внатрешниот вооружен конфликт“ откако избија немири во неколку затвори, новинари беа земени како заложници на телевизија во живо, киднапирани полицајци и опасни криминалци избегаа од затвор. Шефот на државата им нареди на вооружените сили да ги неутрализираат криминалните банди вклучени во немирите, кои се занимаваат со трговија со дрога.

Кризата без преседан во Еквадор досега однесе животи на најмалку десет луѓе. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан