Кина соопшти дека е задоволна што Вашингтон и Москва ги „зајакнуваат комуникациите“
- Кина денеска соопшти дека е задоволна што Вашингтон и Москва ги „зајакнуваат комуникациите“ откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин за мировни преговори за Украина.

Пекинг, 13 февруари 2025 (МИА) - Кина денеска соопшти дека е задоволна што Вашингтон и Москва ги „зајакнуваат комуникациите“ откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин за мировни преговори за Украина.
„Русија и САД се две важни и влијателни земји“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Џиакун на денешната редовна прес-конференција.
Тој истакна дека Кина е „задоволна што гледа како Русија и САД ги зајакнуваат комуникациите и водат дијалог за низа меѓународни прашања“.
„Кина ги поддржува сите напори за мирно решавање на кризата и ќе продолжи да ја одржува комуникацијата со сите вклучени страни и да игра конструктивна улога во промовирањето политичко решение за кризата“, додаде портпаролот на кинеското МНР. рп/
Фото: МИА архива