• недела, 08 март 2026

Кина предупреди на недоразбирања со САД пред очекуваната посета на Трамп

Кина предупреди на недоразбирања со САД пред очекуваната посета на Трамп

Пекинг, 8 март 2026 (МИА) – Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска предупреди на можни недоразбирања меѓу Кина и САД пред очекуваната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Пекинг.

- Доколку двете земји си го свртат грбот една на друга, тоа ќе доведе до меѓусебни погрешни перцепции и проценки - изјави Ванг Ји на маргините на годишната сесија на Секинеското собрание на народните претставници – Парламентот на Кина.

Патот кон конфликт и конфронтација „може да го повлече целиот свет надолу“, се наведува во официјалниот превод на неговата изјава на англиски јазик, објавен од кинеското Министерство за надворешни работи.

„Односите меѓу Кина и САД имаат длабоко и глобално значење“, се додава во изјавата.

Трамп претходно најави планови да ја посети Кина, а според извештаите, посетата би можела да се одржи кон крајот на март. Пекинг сè уште официјално не го потврдил тоа.

Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг последен пат се сретнаа во Јужна Кореја кон крајот на октомври минатата година, во пресрет на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка, кога, меѓу другото, се договорија за привремено запирање на тековниот трговски спор.

Сепак, остануваат нерешени прашања како извозот на ретки земни елементи од Кина и извозот на компјутерски чипови од САД, наведува ДПА.

Во последно време се појавија и шпекулации дека Пекинг би можел да ја одложи посетата на Трамп поради американскиот напад врз Иран, кој е еден од економските партнери на Кина. ссм/

фото: архива

Остани поврзан