• сабота, 21 декември 2024

Кина изрази подготвеност да ги одржува комуникациите за безбедноста на подводната инфраструктура

Кина изрази подготвеност да ги одржува комуникациите за безбедноста на подводната инфраструктура

Пекинг, 21 ноември 2024 (МИА) - Кина е подготвена да одржува комуникација со релевантните земји и заеднички да ја чува безбедноста на меѓународната подводна инфраструктура, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

Портпаролот на Министерството, Лин Џианг го изјави ова како одговор на прашање за кинески брод во данските води и истрагата на Финска и Шведска за двата пресечени телекомуникациски кабли со оптички влакна во Балтичкото Море. Лин додаде дека нема детали за бродот.

Данските вооружени сили вчера соопштија дека внимателно го надгледуваат кинескиот носач на нафта „Ји Пенг 3“, кој моментално ја задржува својата позиција во теснецот меѓу Данска и Шведска, но не ги спомнаа пресечените кабли, ниту зошто го надгледуваат бродот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан