• недела, 22 декември 2024

Кина бара итен прекин на огнот во Газа по убиството на Синвар

Кина бара итен прекин на огнот во Газа по убиството на Синвар

Пекинг, 18 октомври 2024 (МИА) - Кина денеска повторно повика на „итен“ прекин на огнот во Газа, ден по објавата на Израел дека е убиен Јахја Синвар, лидерот на палестинската група Хамас.

- Приоритет е итно постигнување примирје во Газа, заштита на цивилите, обезбедување на хуманитарна помош и избегнување на понатамошна ескалација на конфликтот и конфронтацијата, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг пред новинарите во Пекинг, пренесува Анадолија.

Мао реагираше на тврдењата на Израел дека телото на Синвар е пронајдено откако областа била пребарана вчера. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан