Килман приоритетна трансфер цел на Манчестер јунајтед
- Капитенот на Вулверхемптон, Макс Килман, е на врвот на листата трансфер желби за следната сезона на Манчестер јунајтед, објави денеска британски Тајмс

Лондон, 4 април 2024 (МИА) – Капитенот на Вулверхемптон, Макс Килман, е на врвот на листата трансфер желби за следната сезона на Манчестер јунајтед, објави денеска британски Тајмс
Според информациите, Јунјатед во летниот трансфер фокусот ќе го стави на засилување со дефанзивец и напаѓач.
Раководството на Јунајтед допрва треба да испрати официјална понуда до Вулверхемптон, кој не е подготвен да се раздели со еден од своите клучни играчи.
Килман има 26 години и според Трансфермаркет неговата пазарна вредност изнесува околу 35 милиони евра.
Централниот бек има договор со Волвс до 2028.
Минатото лето за Килман беше заинтересиран и италијанскиот шампион Наполи. ег ФОТО: Фејсбук