• сабота, 20 јули 2024

Киев тврди дека руските сили пукале во украински војници кои сакале да се предадат

Киев тврди дека руските сили пукале во украински војници кои сакале да се предадат

Киев, 3 декември 2023 (МИА) - Украинските власти денеска ја обвинија руската армија дека пукала во украински војници кои сакале да се предадат. Поведена е истрага од страна на Украинското обвинителство, а на интернет е објавено видео на кое се гледа како руски војници пукаат во невооружени украински војници, објави Укринформ.

Автентичноста на видеото и околностите под кои е снимено, засега не се потврдени. Според првичните информации, настанот се случил во близина на селото Степово, во Покровската област, која ги опфаќа Авдијевка и околните области.

Комесарот за човекови права во украинскиот парламент Дмитро Љубинец изјави дека ќе апелира до Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Обединетите нации да регистрираат уште едно воено злосторство извршено од Руската Федерација - егзекуција на невооружени украински бранители кои сакале да се предадат.

Видеото за прв пат се појави во саботата на DeepState, украински канал на Телеграм, а во објавата се вели дека снимката доаѓа од првите редови во близина на Авдијевка, каде што се водат тешки борби во последните недели.

Официјален Кремљ ги негира овие наводи.са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан