• понеделник, 23 декември 2024

Киев: Руските сили со гранати оштетија термоелектрана на југот на Украина

Киев: Руските сили со гранати оштетија термоелектрана на југот на Украина

Киев, 28 септември 2023 (МИА) - При последното гранатирање на јужните украински области, руските сили оштетија термоцентрала на југот на земјата, соопшти денеска државната дистрибутивна мрежа на Украина, Укренерго, не прецизирајќи ја локацијата на електраната или степенот на оштетување.

„Синоќа беше оштетена термоцентрала во јужниот регион, а пожарот е резултат на масовно непријателско гранатирање“, се наведува во соопштението на Укренерго.

Компанијата не е во можност да даде повеќе детали поради воените законски обврски.

Минатата зима Русија започна серија воздушни напади врз украинските електрани и трансформатори кои на моменти оставаа милиони луѓе без струја, а минатата недела започна напади врз енергетските капацитети низ Украина, што доведе до прекини во електроснабдувањето во пет региони. ссм/

фото: архива

Остани поврзан