• недела, 22 декември 2024

Киев ги прекина врските со Северна Кореја поради признавањето на Доњецк и Луганск

Киев ги прекина врските со Северна Кореја поради признавањето на Доњецк и Луганск
Киев, 13 јули 2022 (МИА) - Официјален Киев ги прекина врските со Северна Кореја откако земјата денеска ја призна независноста на регионите Доњецк и Луганск. Северна Кореја е третата земја, по Русија и Сирија, која призна два отцепени ентитети, Доњецк (ДПР) и Луганск (ЛПР), во украинскиот регион Донбас. „Оваа одлука ја сметаме за обид на Пјонгјанг да го намали суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, објави Министерството за надворешни работи на Украина на својата веб-страница. Лидерот на ДПР Денис Пушилин напиша во објава на Телеграм дека се надева на „плодна соработка“ и зголемување на трговијата со Северна Кореја,оддалечена повеќе од 6.500 километри. Амбасадата на Северна Кореја во Москва денеска потврди дека земјата ја признала независноста на двата ентитета. Русија, која ги поддржува регионите од 2014 година, ги призна пред инвазијата на Украина во потег што Киев и Западот го осудија како нелегален. паг/  

Остани поврзан