• среда, 03 јули 2024

Кејти Холмс на модната ревија на Том Форд

Кејти Холмс на модната ревија на Том Форд

Лос Анџелес, 19 септември 2022 (МИА) - Глумицата Кејти Холмс се појави на Модната недела во Њујорк, каде што се пофали со својата завидна линија и нов изглед.

Таа беше дел од ревијата на Том Форд. Носеше црн фустан со качулка и „природна“ шминка, а своето лице го „урами“ со куси шишки. Ревијата се одржа во „Веси хол“ во Менхетн, а меѓу моделите кои прошетаа на пистата беа и сестрите Џиџи и Бела Хадид. Холмс, инаку, летово беше зафатена и со промовирање на нејзиниот нов филм „Сами заедно“ (Alone Together"). Тој премиерно беше прикажан на Филмскиот фестивал во Трибека во јуни, а во јули почнаа и киноприкажувањата. На ИМДБ, љубовната драма има просечна оценка 5,1 / 10. Во април Холмс потврди дека веќе некое време е во среќна врска со музичарот Боби Вутен.  си/паг/

Остани поврзан