• недела, 22 декември 2024

Кејн тренира нормално во пресрет на полуфиналето со Холандија

Кејн тренира нормално во пресрет на полуфиналето со Холандија

Дортмунд, 9 јули 2024 (МИА) - Селекторот на англиската репрезентација Герет Саутгејт можеше да се опушти на денешниот тренинг на „Трите лава“, бидејќи напаѓачот Хари Кејн тренираше на исто ниво со соиграчите.

Сите 26 репрезентативци тренираат целосно, што е добра вест особено за Кејн и Лук Шо, кој допрва треба да дебитира меѓу стартерите на ЕП 2024. Тој се појави против Швајцарија во 78. минута како замена за Коби Мајну. Самиот лев бек на Манчестер Јунајтед најави дека е подготвен да ја започне исклучително важната средба со Холандија.

Проблемите на Кејн за време на продолженијата во четвртфиналето против Швајцарија беа предизвикани од грчеви, а не од трајна повреда.

Во полуфиналето на ЕП 2024, Англија утре од 21 часот ќе игра против Холандија во Дортмунд.  дс

Фото: Архива

Остани поврзан