• четврток, 11 јули 2024

Кејн загрижен пред ЕП: Има многу елементи кои треба да ги поправиме во нашата игра

Кејн загрижен пред ЕП: Има многу елементи кои треба да ги поправиме во нашата игра

Берлин, 10 јуни 2024 (МИА) - Селекцијата на Англија доживеа изненадувачки пораз на „Вембли“ од Исланд (0:1), на само една недела пред почетокот на континенталниот шампионат во Германија, настан што го разбуди сомнежот кај навивачите на Островот.

Според тренерот на „Гордон Албион“, Герет Саутгејт, Англичаните немале оправдување за тој пораз. Бидејќи Европското првенство почнува за неколку дена, многу работи во тимот треба да се подобрат, а слично мислење има и капитенот на репрезентацијата - Хари Кејн.

- Ваквите порази можат да бидат повик за будење за сите нас. Мораме да разбереме дека нема да биде толку лесно како што мислат луѓето. Имаме многу работа да завршиме, понекогаш треба да се разбудите. Има многу елементи што треба да ги поправиме, особено во пресингот. Натпреварите во групната фаза ќе бидат слични на овој против Исланд. Ќе мораме добро да се браниме, особено во однос на долгите топки. Треба да бидеме трпеливи во нападот, рече Кејн.

Напаѓачот на Баерн Минхен потсети на последното Европско, каде Англичаните загубија од Италија на пенали.

-Тоа беше лошо, но во фудбалот секогаш имаш подеми и падови. Поминаа речиси две години од последното натпреварување, мораме да заборавиме на тоа и да бидеме возбудени за новиот турнир, заклучи Кејн.

Да потсетиме, Англија ќе го отвори ЕП 2024 со дуелот против Србија на 16 јуни, додека во групата „Ц“ ќе игра уште со Данска и Словенија. дс

Фото: Архива

Остани поврзан