• недела, 12 мај 2024

Кејн: Англија да го освои Европското првенство во 2024 година

Кејн: Англија да го освои Европското првенство во 2024 година

Берлин, 15 јануари 2024 (МИА) – Фудбалерот на Баерн Минхен и англиски репрезентативец, Хари Кејн ги процени шансите на неговата земја да го освои следното Европско првенство, кое летово ќе се одржи во Германија.

- Имаме добри шанси. Англија одамна нема освоено трофеј, па играчите ќе се обидат да го променат тоа. Се надевам дека тоа што играм во Германија ќе му помогне на тимот. Се трудам да дадам добар пример и да бидам лидер на теренот, изјави Кејн, за „Kicker“.

Англија на ЕУРО 2024 ќе игра во иста група со селекциите на Словенија, Данска и Србија.

Континенталниот фудбалски шампионат ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан