• среда, 03 јули 2024

Уапсени 270 луѓе на демонстрации во Кенија

Уапсени 270 луѓе на демонстрации во Кенија

Нajроби, 3 јули 2024 (МИА) - Полицијата во Кенија соопшти дека уапсила повеќе од 270 лица, од кои 204 во главниот град Најроби, осомничени дека извршиле кривични дела за време на вчерашните антивладини протести.

Грабежи и материјални штети биле пријавени за време на демонстрациите организирани вчера од млади луѓе во повеќе градови во земјава, а во кои, според признанието на самите организатори, се уфрлиле и некои хулигани.

Кенија во изминатите две недели беше потресена од бран протести предизвикани од спорниот нацрт-буџет за 2024-2025 година. кои предвидуваа нови даноци, а подоцна се проширија на поголемо незадоволство од претседателот Вилијам Руто, избран во 2022 година.

Демонстрациите почнаа мирно, но потоа прераснаа во насилство, полицијата во центарот на Најроби употреби солзавец кон толпата која фрлаше со камења кон нив.

Митинзи на стотици луѓе се одржаа и во други градови како Момбаса на југоисток, вториот град во земјата, каде беа запалени автомобили и уништени продавници.

Иако претседателот Руто најави дека го повлекува предлог-буџетот, повиците за демонстрации продолжија, а на тие повици особено реагираат младите родени по 1997 година, кои се во центарот на протестното движење. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан