• недела, 02 февруари 2025

Кенеди Џуниор ќе биде испрашуван во Сенатот за ставовите за вакцините и абортусот

Кенеди Џуниор ќе биде испрашуван во Сенатот за ставовите за вакцините и абортусот

Вашингтон, 29 јануари 2025 (МИА) - Кандидатот на американскиот претседател Доналд Трамп за министер за здравство и човечки услуги, Роберт Кенеди Џуниор, денеска ќе биде сослушан во Сенатот поради неговите ставови за вакцините, абортусот и можниот конфликт на интереси.

Кенеди, кој има 70 години, попладнево ќе се појави пред Комисијата за финансии на Сенатот, додека следниот ден се очекува да се појави пред комисијата задолжена за здравство.

Иако Сенатот, кој е под контрола на републиканците, сè уште не отфрлил ниту еден предлог на Трамп, кога станува збор за именувањето на Кенеди, мислењата се поделени, како кај конзервативците, така и кај либералите, поради контроверзните ставови на Кенеди. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан