• петок, 05 јули 2024

Кварацхелија: Сонувам да ја освојам Златната топка еден ден, мислам дека Меси ќе ја добие оваа година

Кварацхелија: Сонувам да ја освојам Златната топка еден ден, мислам дека Меси ќе ја добие оваа година

Неапол, 3 октомври 2023 (МИА) - Грузискиот фудбалски репрезентативец Хвича Кварацхелија проговори за својот сон да ја освои „Златната топка“.

 

-Доаѓајќи од толку мала земја, беше тешко да се замисли сето ова, така што чувствувам дека ако се вложите во она што го правите, вашата жртва ќе се исплати. Јас, како и сите други, сонувам да ја освојам Златната топка еден ден, изјави Кварацхелија.

 

За фудбалерот на Наполи прв фаворит за престижната награда која се доделува на фудбалерот на годината е Лионел Меси.

 

Церемонијата на доделување на Златната топка ќе се одржи во Париз на 30 октомври. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан