• понеделник, 13 мај 2024

Квалификации за ЕП 2025: Младите фудбалери поразени од Шведска

Квалификации за ЕП 2025: Младите фудбалери поразени од Шведска

Скопје, 26 март 2024 (МИА) - Репрезентацијата на Македонија до 21 година загуби со 2:0 од Шведска во натпревар од квалификациите за пласман на Европско првенство кое ќе се одржи во Словачка 2025 година. 

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски речиси цело второ полувреме играа со играч помалку. Десниот бек Михаил Димитриевски во 47. минута заработи директен црвен картон откако невнимателно и остро стартуваше врз противнички играч.

Противникот успеа да го скрши нашиот отпор и во 67. минута го постигна првиот погодок. Розенгард со доза на среќа успеа да ја затресе нашата мрежа.

Вихелмсон во последните моменти од средбата ги постави конечните 2:0.

Швеѓаните со оваа победа се вратија во трката за пласман на Европското првенство. 

Македонија во досегашниот тек од квалификациите има забележано две победи и четири порази. дс

Фото: ФФМ

Остани поврзан