• четврток, 20 јуни 2024

Квалификации за ЕП 2025: Македонија славеше против Молдавија

Квалификации за ЕП 2025: Македонија славеше против Молдавија

Кишињев, 4 јуни 2024 (МИА) - Женската репрезентација на Македонија победи на гостувањето кај Молдавија со 2:4 и го забележа вториот триумф во квалификациите за ЕП 2025.

Нашите фудбалерки поведоа со автоголот на Бодичеану на самиот старт на натпреварот за да во периодот од 22 до 26 минута паднат по еден гол на двете страни и ние водиме со 2:1. Стрелец за нашата селекција беше капитенот Андонова која ја реализираше најстрогата казна.

Во 43 минута поведовме со 3:1 преку Андреевска со што стана јасно дека сме на добар пат за позитивен резултат.

Молдавките не се откажаа и се вратија во игра во 59 минута, меѓутоа во 75 Андонова со најдобриот потег на средбата, мајсторија од слободен удар одново не однесе на плус два и ја запечати победата.

На табелата Словенија е првопласирана со 12 бодови, пред Македонија која им седум, третопласирана е Летонија со три, а еден има Молдавија.

Следниот меч избраничките на селекторот Александар Андов ќе го имаат на домашен терен на 12 јули против летонската селекција. дс

Фото: ФФМ

Остани поврзан