• сабота, 16 ноември 2024

Кафето 30 минути по будењето, е најздраво за метаболизмот

Кафето 30 минути по будењето, е најздраво за метаболизмот
Лос Анџелес, 30 септември 2021 (МИА) - Нутриционисти од САД го одредија најсоодветното време за пиење кафе, со што тоа би било што покорисно. Нивните препораки се објавени на интернет-страницата „Ши фајндс“ (She Finds). Започнувањето на денот со шолја кафе несомнено е едно од вообичаените задоволства во животот. Кофеинот не само што помага да се добие потребната енергија наутро, туку може да помогне и во губење тежина, односно подобрување на метаболизмот и полесно согорување на маснотиите. Иако урамнотежената исхрана и вежбањето остануваат главен фактор за здраво слабеење, утринското кафе е соодветен следен чекор кон оваа цел. Стручњаците особено препорачуваат црно кафе без шеќер. Имено, калориите мора да се внесат заедно со корисните елементи во храната, а слаткото кафе носи празни калории. Диетологот Кристина Таул препорачува кафето да се пие на празен стомак, 30 минути откако ќе испиете чаша лимонада. Овој сок хидрира доволно и обезбедува алкалност во телото. Пиењето кафе 30 минути по будењето може да биде една од најсоодветните работи за телото во целина. Тоа го потиснува апетитот и на тој начин не се брза со гладта и храната наутро. - Пиењето кафе на празен стомак или со првиот оброк во денот, може да спречи прејадување и да доведе до губење тежина, потврдува д-р Лиза Ричардс. Според стручните  лица, кафето може привремено да го претвори телото во „машина за согорување маснотии“ и тоа е доста корисно за слабеење. Но, брзиот метаболизам благодарение на утринското кафе, нема траен ефект, па затоа е важно и појадокот да биде богат со хранливи материи, т.е. полн јаглени хидрати, протеини и здрави масти.  си/паг/

Остани поврзан