• четврток, 02 мај 2024

Каума: Северна Македонија демострираше успешна дипломатија со соседите и ја разбира важноста на позитивнот ангажман во ОБСЕ

Каума: Северна Македонија демострираше успешна дипломатија со соседите и ја разбира важноста на позитивнот ангажман во ОБСЕ

Скопје, 30 ноември 2023 (МИА) - Граѓаните во Северна Македонија изградија успешно мултиетничко општество, а државата демонстрираше успешна дипломатија со своите соседи и најдобро ја разбира важноста на позитивнот ангажман во ОБСЕ, посочи денеска во своето обраќање претседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ Пиа Каума, на отворањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје. 

Како што потенцираше, Организацијата ја препознава непоколебливата посветеност на Северна Македонија кон изнаоѓање решенија за создавање мир и стабилност.

Таа потенцираше дека влијанието на руската агресија врз Украина останува во фокусот на целиот регион.

-Суровоста и страдањата на украинскиот народ се во фокусот на нашето внимание. Не смееме да останеме слепи при очиглендата агресија и некоректното насилиство на Русија врз Украина. ОБСЕ се соочува со повеќе предизвици, рече Каума.

Регионалниот развој, како што рече, не може да биде загарантиран без мир и стабилност.

-Исто така, и Централната Азија ја има нашата континуирана внимателност, со оглед на тоа што регионот се соочува со криза, по терористичкиот напад што почна на 7 октомври, и ова секако има огромно влијание врз останатите држави, додаде Каума.

Таа е на ставот дека луѓето во Северна Македонија изградија успешно мултиетничко општество, а државата демонстрираше успешна дипломатија со своите соседи.

Како што посочи, нејзиното претседателство ќе продолжи да го приоритеризира засилувањето на ангажманот кон мир и стабилност.

-Во време на повеќе предизвици со кои се соочуваме, работата на ОБСЕ е од клучно значење. Ние во Парламентот даваме поддршка кон Украина, што јас ја имам честа да го водам. Моето претседателство ќе продолжи да го приоритеризира засилувањето на нашиот ангажман кон мир и стабилност. Ќе продолжиме да ги адресираме предизвикувачките теми и да нудиме решенија на владите на земјите членки, рече Каума.

Клучна е како што рече, кооперацијата со сите членки во ОБСЕ.

-Соработката со земјите членки ја покажува ефективноста на нашата работа. Ќе продолжиме со поддршката кон Украина и ќе работиме заедно за инзаоѓање на решение за создавање мир и стабилност, додаде Каума во обраќањето на отворањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје. бт/нд/

Фото: МИА; Принтскрин

 

 

Остани поврзан