• среда, 15 април 2026

Божиновска: Цените на горивата остануваат стабилни - обезбеден дополнителен попуст за дизелот

Божиновска: Цените на горивата остануваат стабилни - обезбеден дополнителен попуст за дизелот

Скопје, 24 март 2026 (МИА) - „Окта“ дополнително го зголеми попустот за дизелот од 2 на 3 денари за литар, односно воведе дополнителен попуст од 1 денар, со продолжување на мерката до 6 април. Ова е конкретен резултат на партнерскиот пристап и континуираната координација, со цел директни придобивки за граѓаните и стопанството - вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Таа додава дека преземените мерки од страна на Владата, меѓу кои и намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти, во комбинација со конкретни чекори од економските оператори, даваат резултати и оти цените на горивата се стабилизирани, а ценовниот притисок е значително ублажен.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, нагласува таа, останува целосно посветено на следење на состојбите и, доколку е потребно, подготвено е да реагира со дополнителни мерки, со единствен приоритет - стабилен пазар и заштита на граѓаните и економијата.

Министерката Божиновска истакнува дека Министерството преку интензивна и директна комуникација со компанијата „Окта“ иницирала и обезбедила унапредување на условите за попустите на нафтените деривати, со јасна цел - дополнително намалување на ценовниот притисок врз граѓаните и стопанството.

- Паралелно, со намалувањето на ДДВ-то од 18 на 10 %, обезбедивме дополнително намалување на цените за 6 до 7 денари за литар и спречивме ценовен шок на пазарот. Ова е пристап што дава резултат, со активна улога на државата и со заедничка одговорност со приватниот сектор да постигнеме заштита на животниот стандард и стабилност на економијата - нагласува министерката Божиновска. 

Од Министерството нагласуваат дека тоа што „Окта“ ја продолжува иницијативата за попусти на горивата и по првично предвидениот рок на крајот на март, при што мерката ќе трае до 6 април, попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари за литар обезбедувајќи дополнителна поддршка за потрошувачите и придонесувајќи кон стабилизација на пазарот.

- Овој чекор доаѓа како резултат на континуираната комуникација и координација помеѓу Министерството и компаниите, со јасна цел - некои од олеснувањата да се пренесат директно кон граѓаните и стопанството. Ова претставува потврда дека активната улога на државата дава резултати и дека преку партнерство со компаниите може да се обезбедат конкретни придобивки за граѓаните и стопанството - вели таа. 

Истовремено, според неа, клучна улога во стабилизирањето на цените има и владината мерка за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 10 %, која обезбедила директно намалување на цените за 6 до 7 денари за литар и спречила дополнителен ценовен шок.

- Со оваа комбинирана интервенција спречен е значителен раст на цените на горивата, обезбедена е стабилност на пазарот, заштитен е животниот стандард на граѓаните, намален е притисокот врз транспортот и економијата. Спречивме ценовен шок, ја стабилизиравме цената и обезбедивме конкретно намалување за граѓаните - истакна министерката Сања Божиновска.

Министерството нагласува дека одговорноста во вакви услови е заедничка и дека позитивниот пример со зголемениот попуст за дизел треба да биде следен и од другите учесници на пазарот, со цел бенефитите целосно да се рефлектираат во малопродажните цени.

Паралелно, снабдувањето со горива се одвива непречено, државните резерви се стабилни, а сите надлежни институции се во постојана координација и вршат засилени контроли на пазарот.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува целосно посветено на следење на состојбите и, доколку е потребно, подготвено е да реагира со дополнителни мерки, со единствен приоритет - стабилен пазар и заштита на граѓаните и економијата. сст/са/

Фото Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

 

 

 

 

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан