• понеделник, 13 мај 2024

Катар против Јордан во финалето на Купот на Азија

Катар против Јордан во финалето на Купот на Азија

 

Доха, 7 февруари 2024 (МИА) – Домаќинот Катар е вториот финалист во фудбалскиот Куп на Азија, откако вечерва во полуфиналето во Доха триумфираше над Иран со 3-2.

Стрелци на головите за Катар беа Абдулсалам во 17 минута, Афиф (43) и Алмоез (82), додека головите за Иран ги постигнаа Азмун (4) и Јаханбаш (51, пенал).

Противник на Катар во натпреварот за трофејот ќе биде Јордан, кој вчера триумфираше над Јужна Кореја со 2-0 и прв пат во историјата обезбеди финале во азискиот Куп.

Новиот азиски фудбалски првак ќе биде познат по финалето кое е на програмата в сабота од 16 часот. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан