• петок, 26 јули 2024

Катар го обвини Нетанјаху дека ја пролонгира војната

Катар го обвини Нетанјаху дека ја пролонгира војната

Ерусалим, 19 февруари 2024 (МИА) – Катар го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека со своите изјави во врска со преговорите за ослободување на преостанатите заложници кои ги држи Хамас се обидува да ја пролонгира војната во Појасот Газа.

- Неодамнешните изјави на премиерот на Израел … не се ништо друго освен обид за одолговлекување и пролонгирање на војната од причини кои станаа очигледни за сите, напиша портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи Маџат ал-Ансари на платформата Х.

Тој го изјави ова откако Нетанјаху го обвини Катар дека е мек кон Хамас за време на говор што го одржа во Ерусалим. „Апелирам до вас да извршите притисок врз Хамас бидејќи сакаме ослободување на нашите заложници“, им рекол Нетанјаху на американските лидери собрани на гала вечера во Музејот на толеранција, јави „Џерусалим пост“.

Нетанјаху рекол дека „Катар може да изврши притисок врз Хамас како никој друг“.

- Тие се домаќини на лидерите на Хамас, кој е финансиски зависен од нив, рече Нетанјаху. јт/

Остани поврзан