• сабота, 21 декември 2024

Катарскиот премиер потврди дека Израел и Хамас се блиску до постигнување договор за заложниците во Газа

Катарскиот премиер потврди дека Израел и Хамас се блиску до постигнување договор за заложниците во Газа

Доха, 19 ноември 2023 (МИА) – Катарскиот премиер, шеик Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, денеска изјави дека е се поубеден дека ќе се постигне договор за заложниците меѓу Израел и Хамас, додавајќи дека предизвиците кои остануваат( до исполнување на договорот)  " се многу мали".

-Предизвиците што стојат на патот за постигнување договор се само практични и логистички, рече шеикот Мохамед во Доха, на заедничката прес конференција со шефот на европската дипломатија, Жозеп Борела, пренесоа британските медиуми.

Весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на лица запознаени со наводниот договор, синоќа објави дека Израел, САД и Хамас постигнале рамковен договор за ослободување на неколку десетици жени и деца држени како заложници во Газа во замена за петдневен прекин на огнот.

Меѓутоа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа експресно демантираше дека е постигнат таков договор, а тоа подоцна го направи и Белата куќа. сд/

фото:Википедија

Остани поврзан