• среда, 24 април 2024

Катарскиот министер за труд избран за претседавач на годишната конференција на Агенцијата за труд на ОН

Катарскиот министер за труд избран за претседавач на годишната конференција на Агенцијата за труд на ОН

Женева, 5 јуни 2023 (МИА) – Министерот за труд на Катар, Али бин Самик ал-Мари денеска е избран за претседавач на годишната конференција на Агенцијата за труд на Обединетите нации (ИЛО).

Ел Мари беше критикуван од светските медиуми пред и за време на Светското првенство во Катар поради третманот кон мигрантите кои работеа на изградбата на стадионот, при што некои загинаа.

На предлог на азиските и пацифичките земји, тој ќе ја води двонеделната конференција на Меѓународната агенција за труд во Женева. јт/

Фото: Твитер

 

Остани поврзан