• среда, 17 јули 2024

Касемиро се здоби со модринки на скочниот зглоб на натпреварот на Бразил со Венецуела, Манчестер јунајтед чека информации за неговата состојба

Касемиро се здоби со модринки на скочниот зглоб на натпреварот на Бразил со Венецуела, Манчестер јунајтед чека информации за неговата состојба

Манчестер, 15 октомври 2023 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Касемиро не можеше да го заврши петочниот натпревар на Бразил против Венецуела откако се повреди.

Касемиро беше заменет во 79. минута поради проблеми со ногата. Тој побара да биде сменет поради удар во скочниот зглоб.

„Скај Спортс“ пренесува дека Манчестер јунајтед чека информации за состојбата на 31-годишниот играч.

Оваа сезона Бразилецот одигра осум натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан