• петок, 22 ноември 2024

Карпин го замени Черчесов за селекторската клупа на Русија

Карпин го замени Черчесов за селекторската клупа на Русија
Москва, 24 јули 2021 (МИА) – Прославениот руски интернационалец, 52-годишниот Валериј Карпин е назначен за нов селектор на Русија со мисија да обезбеди пласман на Светското фудбалско првенство во Катар догодина. Карпин официјално ќе потпише договор на 26 август со важност до крајот на оваа година, а евентуалното продолжување на соработката ќе зависи од резултатот што ќе ги оствари со националниот тим во мундијалските квалификации. Карпин ќе дебитира на 1 септември кога Русија во Москва ја пречекува Хрватска во рамки на квалификациската група Х во која се и Словачка, Кипар, Словенија и Малта. На селекторската должност Карпин доаѓа на местото на Станислав Черчесов, под чие водство Русија претрпе три порази на ЕУРО2020 и беше елиминирана веќе во групната фаза. - Нема потреба од посебно претставување кој е Валериј Карпин. По фудбалската кариера стекна богато тренерско искуство, кое вклучува и успешна работа на клупата на Ростов изминатите години, изјави претседетелот на Руската фудбалска федерација Александер Дјуков. Карпин замина во фудбалска пензија во 2005 година во Реал Сосиедад, а од 2009 почна тренерска кариера, предводејќи ги екипите на Спартак Москва, Мајорка, Торпедо и Ростов. ег/паг/

Остани поврзан