• понеделник, 23 декември 2024

Карневалски групи од Струмица учествуваа на карневалот во Бања Лука

Карневалски групи од Струмица учествуваа на карневалот во Бања Лука

Струмица, 28 мај 2023 (МИА) - Вкупно три карневалски групи од Струмица вчера и завчера учествуваа на Вториот меѓународен карневал во Бања Лука, БиХ.

Меѓу 18 карневалски учесници, струмичките групи се преставиле со маските „Моќта на љубовта“ на ООУ „Сандо Масев“, „Магични празници“ на Здружението за ора и песни „Фолклорна низа“ и „Цвеќиња“ на групата „Китка“.

Според информациите од Организациониот одбор на Струмичките карневеал сите групи имале впечатлив настап, привлекувајќи го вниманието на локалните и националните медиуми.

Оттаму додават дека струмичките карневаски групи имале уште едно успешно претставување на Струмичкиот карневал во странство. рт/аа/

Фото: Струмички карневал

Остани поврзан