• понеделник, 18 ноември 2024

Карневалските празнувања во Струмица продолжија со Детскиот карневал

Карневалските празнувања во Струмица продолжија со Детскиот карневал

Струмица, 17 март 2024 (МИА) - Најмладите струмичани денеска ги продолжија карневалските празнувања. Тие со своите маски продефилираа на Детскиот карневал што се одржува по повод празникот Прочка, во рамки на карневалските празнувања во Струмица, кои почнаа на 13 овој месец.

На плоштадот во Струмица децата заедно со своите родители и наставници ги покажаа своите карневалски кореографии преку кои со песна и музика повикаа на мир, љубов, разбирање и весело детство, а не беа заборавени и омилените јунаци од цртаните филмови.

Во дефилето имаше повеќе групни маски изработени од основни училишта и предучилишни установи од Струмица.

Карневалските празнувања во Струмица продолжуваат утре, на Чист понеделник, кога на прес конференција ќе бидат објавени резултатите за најуспешните маски од Големото карневалско дефиле кое се одржа синоќа. Потоа на програмата е варење и конзумирање бел грав на плоштадот „Гоце Делчев“, а утрешната програма завршува со отворање на изложба на карикатури и афоризми од Интернационалниот фестивал и доделување награди на најуспешните. рт/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан