Кармело Ентони се искачи на деветтото место на листата најдобри стрелци во НБА
- Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Кармело Ентони се искачи на 9. место според бројот на постигнати поени во НБА-лигата.
![Кармело Ентони се искачи на деветтото место на листата најдобри стрелци во НБА](https://mia.mk/images/20221108210309_big_730x400_25.webp )
Лос Анџелес, 25 октомври 2021 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Кармело Ентони се искачи на 9. место според бројот на постигнати поени во НБА-лигата.
На натпреварот против Мемфис (121:118) одигран рано утрово, Ентони постигна 28 поени и стигна до 27 423 поени во кариерата. Тој го престигна легендарниот Мозес Мелоун (27 409).
Вклучувајќи го и Ентони, седум од деветте НБА играчи со највисоки перформанси играле за Лејкерс во одреден сегмент од нивната кариера. зс/