• петок, 09 август 2024

Кари: Знаевме дека во одреден момент ќе имаме сериозен предизвик, Србија е одлична репрезентација

Кари: Знаевме дека во одреден момент ќе имаме сериозен предизвик, Србија е одлична репрезентација

Париз, 9 август 2024 (МИА) - Најдобриот кошаркар на Соединетите Американски држави (САД) синоќа против Србија, Стеф Кари постигна 36 поени, од кои осум тројки, по натпреварот имаше само пофални зборови за противникот.

-Разговаравме цело лето, колку и да им изгледаше лесно на сите, знаевме дека во одреден момент ќе имаме сериозен предизвик. Србија е одлична репрезентација, тешко се победува, игравме три пати за кратко време, така што нашето враќање е неверојатна работа. Ние се однесувавме на ист начин кога губевме, одигравме како што знаеме и фала му на Бога за оваа победа, сега само ќе уживаме во моментот, изјави Кари веднаш по натпреварот.

Потсети на целта на неговата репрезентација поставена во моментот кога беше јасно дека сите најдобри НБА играчи повторно ќе дојдат на Олимпијадата.

-Дојдовме овде да го земеме златото и пред себе имавме тешка задача. Го зголемивме темпото кога беше најважно, ја свртевме ситуацијата на теренот, погодувавме кошеви, почнувајќи од мене, Дурент и другите, Џоел влезе и постигна големи поени, Леброн исто така, но всушност одбраната ни ја донесе победата, смета Кари. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан