• петок, 13 септември 2024

Карвахал: Никогаш не би играл за друг клуб во Европа од почит кон Реал Мадрид

Карвахал: Никогаш не би играл за друг клуб во Европа од почит кон Реал Мадрид

Мадрид, 13 септември 2024 (МИА) - Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, за шпанска „Марка“ одговори на повиците на тренерот на тимот, Карло Анчелоти да се продолжи договорот на веќе легендарниот играч на „кралевите“.

- Никогаш не би играл за друг клуб во Европа од почит кон Реал Мадрид. Ако сите страни се согласат, сакам да го продолжам договорот. Ова е она што отсекогаш го сакав и што сакам сега, изјави Карвахал.

Карвахал игра за Реал Мадрид од 2013 година. Актуелниот договор со 32-годишниот Шпанец е до летото 2025 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан