• сабота, 21 декември 2024

Карванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ: Посветено и одговорно работиме на обезбедување на европската иднина

Карванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ: Посветено и одговорно работиме на обезбедување на европската иднина

Скопје, 25 април 2023 (МИА) - Посветено, одговорно и домаќински, тоа е односот на СДСМ кон граѓаните и државата и затоа со нашите државнички одлуки го развиваме секое населено место, ги реализираме стратешките цели, порача денеска потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска на средба со граѓаните Крушево.

- Станавме членка на НАТО, водиме проговори за членство во ЕУ и ја обезбедуваме иднината на државата. Сето тоа носи придобивки и за граѓаните, носи зголемени странски инвестиции, пристап до нови европски фондови и повеќе пари во македонската економија. Затоа заедно со вас, продолжуваме по европскиот пат, истакна Бисера Костадиновска Стојчевска, која го посети Крушево заедно со Методија Димовски, како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“.

Костадиновска Стојчевска истакна дека граѓаните на Крушево можат да бидат задоволни што за свој градоначалник го имаат Томе Христовски, човек кој, како што рече, навистина работи за сите граѓаните и ги реализира проектите наведени во Програмата.

- ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата од граѓаните во над 40 општини. Што гледаме во тие општини што ги води ВМРО-ДПМНЕ? Нема ниту еден реализиран проект, стагнација, задолжувања и нови поголеми сметки за граѓаните. Не е примерот само во Скопје, така е и во Битола, во Прилеп, насекаде, истакна Костадиновска Стојчевска.

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт во историјата на земјата и ја изневери довербата на граѓаните.

- Тоа е секогаш така кога се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во прашање, едно зборуваат во кампања друго прават. За разлика од нив, Крушево е пример како се работи одговорно, како се реализираат проектите коишто се ветени, гледаме раст и развој и тоа е одлика на СДСМ, рече Костадиновска Стојчевска.

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во придружба во Кети Василевска во рамки на теренските активности од караванот „Рамо до рамо, до победа“ беше меѓу граѓаните на Зелениково.

Битиќи порача дека Владата предводена од СДСМ успешно се справи со глобалната криза, го поддржа стандардот на граѓаните, но и компаниите и не дозволи да има рестрикции на струја, ниту нешто да недостасува.

- Го одржавме енергетскиот систем стабилен и обезбедивме социјална правда и правичност. Оваа зима за првпат во последните 15 години, од вкупните потреби на електрична енергија во Северна Македонија, дури 87 проценти се обезбедени од домашните производствени капацитети. Дотолку повеќе, стабилниот енергетски систем отвори можност да се разгледа опцијата за враќање на дневната евтина тарифа, рече Битиќи.

Тој порача дека во време на светска економска криза, Владата покажа дека преку успешни политики покажавме може да се гради стабилна и развојна економија, атрактивна за странските компании.

- Имаме рекорден износ на странски инвестиции, се отвораат добро платени работни места и нашите работници веќе не се претставуваат како евтина работна сила, како што тоа беше во некои други времиња. Помина времето кога нашите работници работеа за осум или девет илјади денари плата, денес минималната плата е 20.175 денари, што придонесува за раст на сите плати во државата. 205 милиони евра влегуваат во нашата држава само од една инвестиција и тоа е показател дека нашата економија веќе е атрактивна и за реномирани светски компании. Владините економски политики создаваат доверба кај компаниите и ги стимулираат во влегување во нови инвестициски циклуси насочени кон технолошки развој, внесување на иновативни и дигитални компоненти во производствени процеси, порача Битиќи.

Тој нагласи дека СДСМ работи на развој на целата земја, при што преку програмата ТАВ се реализираат проекти низ сите општини.

- Завршени се 56 проекти во 56 општини, а во моментов 25 проекти се во тек и е планирано да бидат завршени до крајот на годината, додаде Битиќи.

Во рамки на караванот „Рамо до рамо до победа“, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски го посети Кратово, каде пред граѓаните порача дека ни останува уште една државничка задача, заедно да ја внесеме земјава во Европа, да ја обезбедиме европската, а со тоа и македонската иднина, затоа што влезот во Европа значи затворање и на државните и на идентитетските прашања.

- Мора да бидеме свесни, да го препознаеме овој геостратешки момент, да останеме на масата со големите демократски сили и да се избориме за европска иднина. Затоа што тоа ќе значи обезбедување и на македонската иднина. Влезот во Европа значи еднаш-засекогаш, за век и навек, затворање и на државните стратешки прашања и на македонските идентитетски прашања. Тоа е нашиот спас, рече Зечевиќ.

Тој нагласи дека СДСМ го предводи „концептот за Европска Македонија“, но дека е неопходна мобилизација на целото македонско општество за нова македонска победа.

- СДСМ е државничка партија којашто секогаш била на вистинската страна на современата македонска државност. И денеска, соочени со предизвиците на новото време, СДСМ го предводи европскиот концепт. Ние сме подготвени и ќе направиме сè за нов државен успех. Но, неопходна е мобилизација на целото македонско општество, потребен ни е гласот за Европа за европска иднина, за европска Македонија. Затоа сме рамо до рамо со народот, тоа е новата победа. Никој не изгубил ништо во Европа, само добил, подобар животен стандард, подобри институции, средена држава и обезбеден идентитет, вграден во европскиот, рече Зечевиќ на средба со граѓаните на Кратово.

Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ попладнево беше и во Североисточниот регион, при што Благој Бочварски и Пламенка Бојчева беа меѓу граѓаните на Ранковце, а Каја Шукова и Наумче Мојсоски во Старо Нагоричане.

Бочварски пред ранковчани нагласи дека СДСМ во изминативе години покажа дека инвестира подеднакво во сите региони и во сите населени места.

- Овде во Североистокот на државата инвестиравме во патната инфраструктурата и во железничкото поврзување. Пред нас е историски рекордна инвестиција во инфраструктура преку изградба на делниците од коридорот 8 и коридорот 10Д. Новиот пристап на градба на овие делници од страна на реномираната американска компанија, ќе овозможи побрзо завршување на градежните зафати, за веќе да не ни се повтори катастрофата што се случуваше на изградбата на автопатот Кичево – Охрид, порача Бочварски.

Тој потсети дека станува збор за инвестиција од 1,3 милијарди евра, од кои најмалку 600 милиони ќе завршат кај домашните компании.

Шукова и Мојсоски во Старо Нагоричане порачаа дека додека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните и ги задолжуваат општините, градоначалниците од СДСМ работат за граѓаните и за развој на општините, потенцирајќи дека токму градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска е пример за посветена и одговорна работа.

Меѓу граѓаните на Сопиште беше претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска, придружувана од Марко Ѓорѓиевски, кој пред присутните порача дека денес пензискиот фонд е стабилен, пензиите се исплаќаат и пред време, а согласно законското решение два пати во година има усогласување.

- Согласно таа методологија за само 18 месеци, пензиите за сите 330.000 пензионери се зголемени за 16 отсто. Ова е второ покачување на пензиите за само неколку месеци со кое  просечната пензија која досега изнесуваше 17.666 денари, се зголемува на 19.150 денари, односно за околу 1.500 денари повеќе. Со покачувањата на пензиите кои се случија во минатата година, во март и во септември, заедно со ова покачување сега и покачувањето кое следи во септември, пензиите ќе бидат поголеми за 25% за само една и пол година, рече Тренчевска. Фото: СДСМ

Остани поврзан