Карбинци ја зголемува поддршката за првачињата, средношколците, студентите и за новороденче
- Општина Карбинци ја зголемува финансиската поддршка за новозапишан првооделенец, средношколец и студент и за секое новороденче од Општината, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Карбинци Виктор Паунов.
Карбинци, 29 јануари 2025 (МИА) - Општина Карбинци ја зголемува финансиската поддршка за новозапишан првооделенец, средношколец и студент и за секое новороденче од Општината, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Карбинци Виктор Паунов.
Тој истакна дека поддршката за учениците и студентите се зголемува од 3 000 на 5 000 денари, додека за новороденчињта од 5 000 на 10 000 денари. Забележа дека оваа поддршка е со цел жителите и младите да живеат подостоинствен живот.
-Општина Карбинци ја зголемува финансиската поддршка кон општествениците во општината. За секое новороденче во општината досега дававме по семејство во висина од 5 000 денари, а оваа година ги зголемуваме на 10 000 денари. И за секој ученик во прво одделение новозапишан, студент и средношколец од Општина Карбинци исто така финасиската поддршка ќе биде зголемена од претходно 3 000 денари во износ од 5 000 денари. Ова е со цел да ја зголемиме поддршката, односно нашите жители да имаат можност да се образуваат и живеат подостоинствено, изјави Паунов.
Тој додаде дека Општината доделува и награда за најдобар ученик во основното училиште, а општината планира и воведување на награди и за најдобар студент.
-Ние овој буџет оваа година го зголемивме по оваа стапка, со цел да мотивираме, а понатаму планираме да го прошириме, односно оние мерки кои што ќе значат пари директно кон граѓаните, да ги прошириме во делот на образованието, а веќе постои и награда за најдобар ученик во основното училиште. Еве во иднина планираме нешто ново да воведеме и кај средношколците и студентите, како најдобар или дипломиран, рече Паунов. вдј/мд/
Фото: МИА