• сабота, 09 ноември 2024

Карбинци по пат на донација доби ново возило за собирање на отпад

Карбинци по пат на донација доби ново возило за собирање на отпад

Карбинци, 12 септември 2024 (МИА) - Општина Карбинци од денеска има уште едно возило за собирање на комуналниот отпад. Возилото е обезбедено по пат на донација и кофинансирање од буџетот на Општина Карбинци. По тој повод денеска во посета на Општина Карбинци беа Амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Вероник Хулман, Армен Грегоријан, постојан претставник на Развојната програма на Обединетите нации (УНДП) во земјава и министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

Министерот за локална самоуправа, Перински истакна дека ова возило е обезбедно преку проектот „Зајакнување на општинските совети“.

-Проект кој многу и помага на општините во нивниот развој и обука на своите кадри, во обуката на советниците кои функционираат во рамки на Советот, во зголемување на транспарентноста. Во соработка со граѓаните преку еден инклузивен процес се отвори потребата од набавка на ова возило и преку проектот се набави, изјави Перински.

Со обезбедувањето јавни услуги за граѓаните, како и транспарентноста и отчетност кон нив се подобрува демократија која според Амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Хулман започнува од локалните самоуправи.

-Ние сметаме дека демоктаријата започнува на локално ниво, каде граѓаните работат, соработуваат со локалните самоуправи и нивните потреби се земаат во предвид, вели Хулман.

Проектот е поддржан и од страна на УНДП. Постојаниот претставник на Развојната програма на Обединетите нации (УНДП) Грегоријан истакна дека продолжува и во наредниот период.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов додаде дека е благодарен на оваа донација, бидејќи со ова возило комуналното претрпијатие има две возила за собирање на отпадот. Вредноста на целото возило за собирање отпад е 4.900.000 денари.вдј/сст/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан