Каранфилова Пановска: Тошковски мора да сноси одговорност за серијата трагични случаи во изминатите 15 месеци
- Двојното убиството во Велес е уште еден во низата трагични случаи во изминативе 15 месеци, а кои се доказ дека институциите на ВМРО-ДПМНЕ не успеваат да се справат со ситуацијата, не успеваат да го стават системот во функција да тој може да превенира и да ги штити граѓаните и за тоа мора да има одговорност, посочи заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, во емисијата 24 Анализа на телевизијата 24, стои во соопштението на СДСМ што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 18 септември 2025
Двојното убиството во Велес е уште еден во низата трагични случаи во изминативе 15 месеци, а кои се доказ дека институциите на ВМРО-ДПМНЕ не успеваат да се справат со ситуацијата, не успеваат да го стават системот во функција да тој може да превенира и да ги штити граѓаните и за тоа мора да има одговорност, посочи заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, во емисијата 24 Анализа на телевизијата 24, стои во соопштението на СДСМ што МИА го пренесува интегрално.
Каранфилова-Пановска порача дека овие настани го оправдуваат барањето на СДСМ за политичка одговорност на министерот за внатрешни работи Тошковски.
„Некој неработењето на институциите го платил со живот. Бараме политичка одговорност од министерот за внатрешни работи Тошковски затоа што во низа во изминативе шест, седум месеци се редат настани во кои МВР е одговорно. ВМРО-ДПМНЕ покажува тенденција да ги игнорира проблемите, да ги става под тепих, да се труди да ги покрие со некакви други измислени политички манипулации“, рече Каранфилова-Пановска.
Во однос на убиството на младата девојка од Велес, Каранфилова-Пановска посочи дека Центарот за социјални работи и Подрачната единица на МВР во Велес имаат обврска да прават анализа и да предвидуваат ризици, ако веќе било познато дека жртвата неколку пати пријавувала насилство.
„Трагичниот настан со фемицидот во Велес и практично двојното убиство покажува една историја на насилство кое не било санкционирано од институциите. Подрачната единица на МВР во Велес, со оглед на тоа дека жртвата повеќепати пријавувала дека е жртва на насилство од нејзиниот поранешен партнер, не презела сериозни мерки, за да истото го спречи. Затоа бараме политичка одговорност од министерот Тошковски, бараме независна истрага и кривична одговорност од сите полициски службеници и сите други службеници во Центарот за социјални работи кои што заради непостапување довеле до тоа младата девојка да биде брутално убиена иако за тоа имало сигнали“, рече Каранфилова-Пановска.
Во дебатата таа посочи дека во време на владата на СДСМ се водеше сериозна сметка за родово-базираното насилство.
„Фемицидот стана дел од Кривичниот законик како кривично дело, кое што точно одредува што и како треба да се прави за да тоа не се случува. Родово-базираното насилство беше третирано и од аспект на тоа како да се обезбеди заштита на жртвите и преку МТСП и преку шелтер-центри – сè што денеска гледаме дека не се случува. Нема еден денар во Министерството за труд и социјална политика кој што е наменет за шелтер-центрите“, рече Каранфилова-Пановска.
Каранфилова Пановска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е директно одговорна за еколошкиот хаос во Вардариште и Дрисла
Серијата пожари во депониите Вардариште и Дрисла, што предизвикаа загадување на воздухот во Скопје, претставуваат сериозен екоцид за кој директна одговорност носат институциите раководени од ВМРО-ДПМНЕ, обвини заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, во емисијата 24 Анализа на ТВ24.
„Управувањето со Дрисла и Вардариште е надлежност и на општините, и на Градот Скопје, и на централната власт. А ВМРО-ДПМНЕ управува со сите нив и со општините Гази Баба и Аеродром, и со Град Скопје, и со централната власт“, изјави Каранфилова-Пановска.
Во дебатата Каранфилова Пановска посочи дека својствено е за ВМРО ДПМНЕ секогаш кога не можат да се решат некој проблем да измислуваат разни изговори, домашни и надворешни непријатели.
„Најлесно е, кога сте неспособни да се справите со проблемите, да измислувате домашни и надворешни непријатели – и тоа е видено сценарио кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт. Никако не сакаат да си погледнат во сопствените редови и да си признаат дека за одредени работи немаат капацитет. Надлежните луѓе кои ги водат ресорите, немаат капацитет. Треба да сносат одговорност и треба итно да се преземат мерки“, рече Каранфилова Пановска.
Таа ги нарече „небулозни“ изјавите на премиерот Мицкоски кој на почетокот го минимизираше проблемот, а подоцна изјави дека се работи за „хибридни закани“ и го повика премиерот и Владата да престанат со релативизирање и прикривање на проблемите.
„Неодговорно е премиерот Мицкоски, на еден таков екоцид од којшто четири дена не можевме да дишеме, прво да вели дека „не е баш така“, замаглена е сликата во воздухот заради друга рефлексија, па да го преврти тоа во хибридни закани, за да денеска слушнеме сосема друга верзија, дека некои други се виновни, не знаеме кои, ќе видиме“, посочи Каранфилова Пановска.
Фото: СДСМ