• четврток, 09 мај 2024

Капитенската лента на Барселона ќе ја носи Серхио Бускетс

Капитенската лента на Барселона ќе ја носи Серхио Бускетс
Барселона, 9 август 2021 (МИА) - Серхио Бускетс е играчот кој од Лео Меси ја наследи капитенската лента на Барселона. Бускетс е дел од Барселона 14 години и прв пат ја добива можноста да биде капитен на тимот. Негови заменици, како што објави клубот, се Жерард Пике, Жорди Алба и Серхи Роберто, сите долгогодишни членови на каталонскиот тим. Претходници на Бускетс, покрај Меси, се и Андрес Иниеста и Чави. ар/цр

Остани поврзан