• недела, 20 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Капитенот на ПСЖ: Знам колку боли пораз во финалето на ЛШ и ќе се обидам да им го пренесам тоа искуство на моите соиграчи

Капитенот на ПСЖ: Знам колку боли пораз во финалето на ЛШ и ќе се обидам да им го пренесам тоа искуство на моите соиграчи

Париз, 8 мај 2025 (МИА) - Капитенот на Пари Сен Жермен, Маркињос, беше категоричен дека францускиот тим има големи амбиции.

Парижаните се квалификуваа за финалето на Лигата на шампионите откако во полуфиналето го победија англискиот тим Арсенал.

-Работиме чекор по чекор. Свесни сме каков турнир е Лигата на шампионите. Сакавме да одиме далеку и сега сме во финалето. Како што реков претходно, мора да се подготвиме за тоа на најдобар можен начин. Веќе изгубив едно финале, знам колку боли и ќе се обидам да им го пренесам тоа искуство на моите соиграчи, изјави Маркињос за телевизијата „Канал+“ по победата од 2-1 над Арсенал во реваншот од полуфиналето. дс

Фото: Архива

Остани поврзан