• недела, 22 декември 2024

Капитенот на Атлетико блиску до нов договор со клубот

Капитенот на Атлетико блиску до нов договор со клубот

Мадрид, 14 март 2024 (МИА) - Капитенот на Атлетико Мадрид, Коке е блиску до обнова на договорот со клубот, објави во четвртокот италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Преговорите се во напредна фаза и двете страни се уверени дека ќе постигнат договор во блиска иднина.

Триесет и две годишниот играч од средниот ред во својата кариера досега настапуваше само за „црвено-белите“.

Репрезентативецот на Шпанија е дете на Атлетико, кој помина осум сезони во академијата на клубот.

Коке освои две шпански титули со екипата од главниот град, еден домашен куп, два трофеи во Лига Европа и стигна до две финалиња во Лигата на шампионите. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан