• недела, 21 јули 2024

Канте може да го пропушти остатокот од сезоната

Канте може да го пропушти остатокот од сезоната

Лондон, 14 мај 2023 (МИА) – Тренерот на Челзи, Френк Лампард кажа дека играчот од средниот ред Н’Голо Канте би можел да го пропушти остатокот од сезоната поради повреда.

 

- Го загубивме Канте на вчерашниот тренинг. Тој разви болки во пределот на препоните. Според прелиминарните прогнози ќе биде надвор неколку недели. Сите разбираат што значи ова, изјави Лампард за „Talksport“.

 

Триесет и двегодишниот Французин го пропушти поголемиот дел од сезоната поради повреда на тетивата.

 

Тој оваа сезона забележа само девет настапи во Премиер лигата за Челзи. зс/

 

Фото: Фејсбук

Остани поврзан