• вторник, 23 јули 2024

Кандидатите за градоначалник на Охрид го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

Кандидатите за градоначалник на Охрид го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори
Охрид, 26 септември 2021 (МИА) – Кандидатите за градоначалник на Охрид денеска го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, закажани за 17 октомври. Своите потписи на Кодексот ги ставија кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ и актуелен градоначалник на Охрид, Константин Георгиески, Кирил Пецаков кандидатот на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и Гоце Цветскоски кандидатот на ТМРО. Согласно Кодексот тие за обврзаа дека ќе ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеење за демократски развој на општеството, ќе ги почитуваат законите, правилата и прописите релевантни за изборите, владеењето на правото и организирањето и спроведувањето на изборите. Истовремено Кодексот обврзува на некористење говор на омраза, дискриминација врз основа на пол како и воздржување од какви било притисоци врз вработени во јавни претпријатија, установи финансирани од државата. Пецаков после потпишувањето на Кодексот изрази уверување дека изборите ќе донесат позитивна кампања, натпревар на проекти, со желби да победи подобриот што во крајна линија ќе значи подобрување на животот на граѓаните. Георгиески ги повика граѓаните да излезат и да го искористат своето право, со уверување дека кампањата и изборниот процес ќе минат во најдобар ред. - Има изрека што вели дека лошите власти ги избираат добри луѓе кои не излегуваат на гласање, затоа излезете и гласајте да го избереме најдоброто за Охрид, рече тој. Кандидатот Цветкоски рече дека е конкуренција на оние што владееле изминатите 30 години, стите кои ги донеле граѓаните на работ на егзистенција. - Ако сте задоволни со нивните партиски лидери гласајте за нив, ако не гласајте за некој кој прво ќе ја врати Македонија во Охрид, а потоа ќе работи на приоритетите, рече Цветкоски. аб/цр

Остани поврзан