Кандидатите за градоначалник во Македонска Каменица го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори
- Кандидатите за градоначалник на Општина Македонска Каменица – Димчо Атанасовски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Соња Стаменкова од СДСМ и коалицијата, независниот кандидат Миран Митревски и независниот кандидат Слободан Велиновски, денеска беа повикани да го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.
Македонска Каменица, 26 септември 2025 (МИА) - Кандидатите за градоначалник на Општина Македонска Каменица – Димчо Атанасовски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Соња Стаменкова од СДСМ и коалицијата, независниот кандидат Миран Митревски и независниот кандидат Слободан Велиновски, денеска беа повикани да го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.
Кодексот го потпишаа Атанасовски, Стаменкова и Митревски, додека Велиновски, поради оправдани причини, не беше присутен на свеченото потпишување.
Во своите поединечни изјави на социјалните мрежи, кандидатите генерално се обврзаа на почитување на Кодексот најавувајки дека кампањата ќе се одвива во духот на демократските вредности.
На локалните избори во Македонска Каменица со утврдени листи за советници ќе учествуваат „Коалиција за локални избори 2025“ предводена од СДСМ, со носител Мартин Малчев, Левица, со носител Дејанчо Стоиловски, Коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со носител Гоце Стоиловски, Партија на пензионери, со носител Лазо Стаменковски, Македонска акција (МААК), со носител Ванчо Ванѓеловски, Група избирачи – Злате Алексовски и Група избирачи – Јаворка Соколовска.
Првиот круг од локалните избори е закажан за 19 октомври 2025 година, а изборната кампања почнува на 29 септември. вс/фф/
Фото: Принтскрин - кандидати за градоначалници