• среда, 08 мај 2024

Канатларовски: Со максимално залагање до позитивен резултат против Франција и Србија

Канатларовски: Со максимално залагање до позитивен резултат против Франција и Србија
Скопје, 24 август 2021 (МИА) – Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 госина, Драган Канатларовски ги кажа своите очекувања за претстојните два квалификациски натпревара, со Франција и против Србија. - Нѐ очекуваат два тешки меча против Франција, тим кој е апсолутен фаворит во групата и домашниот натпревар со Србија, репрезентација која располага со многу квалитетни млади фудбалери. Се надевам дека најпрвин квалитетно ќе ги одработиме подготовките, сите ќе бидат здрави и ќе се борат за место во почетниот состав. Најважно за мене е сите да бидеме во функција на тимот. Очекуваме дека новоповиканите фудбалери Божиновски, Чолаковски и Рустемовски ќе дадат дополнителен импулс на тренинзите и натпреварите и како и сите останати да го дадат својот максимумот и да се бориме за позитивен резултат на воведните два натпревари, изјави Канатларовски. Натпреварот со Франција ќе се игра во Ле Ман на 2 септември, додека со Србија на 7 септември во Охрид на стадионот „Билјанини извори“. Европското првенство 2023 година ќе се игра во Романија и Грузија. зс/

Остани поврзан