• недела, 05 мај 2024

Канатларовски го објави списокот со повикани фудбалери за дуелот со Молдавија

Канатларовски го објави списокот со повикани фудбалери за дуелот со Молдавија

Скопје, 4 октомври 2023 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација до 21 година овој месец ги продолжува квалификациите за пласман на Европското првенство 2025 во Словачка. Селекторот, Драги Канатларовски го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварот против Молдавија во рамките на третото квалификациско коло од групата Ц.

На списокот на Канатларовски се најдоа:

Голмани: Марко Алчевски, Стефан Митрев, Иван Николоски.

Одбрана: Михаил Димитриевски, Стефан Деспотовски, Решат Рамадани, Имран Фетаи, Андреј Стојчевски, Виктор Крстевски, Марио Ричков.

Среден ред: Иван Николов, Хамза Рамани, Лука Станковски, Алекс Златков, Димитар Тодоровски, Матеј Ангелов, Ване Крстевски, Берат Калкан, Бехар Фета, Методи Максимов.

Напад: Марио Илиевски, Луан Абази, Христијан Малески.

 

Квалификацискиот меч против Молдавија ќе биде одигран на 17 октомври во Кишинев. зс/

Остани поврзан