Канани: Иран повика на траен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас
- Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, повика на стабилно примирје и да нема повторување на, како што кажа, „суровата агресија на ционистичкиот режим врз Газа“, пренесе Ал Џезира.

Техеран, 27 ноември 2023 (МИА) - Иран денеска повика на траен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, повика на стабилно примирје и да нема повторување на, како што кажа, „суровата агресија на ционистичкиот режим врз Газа“, пренесе Ал Џезира.
Канани на прес-конференција додаде дека Иран очекува злосторствата на Израел против палестинскиот народ да бидат целосно запрени.
-Иран внимателно го следи можното продолжување на примирјето во Појасот Газа, рече Канани. сд/
фото:МИА архива