• петок, 22 ноември 2024

Канадски тинејџер издлабил име во храм во Јапонија

Канадски тинејџер издлабил име во храм во Јапонија

Кјото, 11 јули 2023 (МИА) - Полицијата во Јапонија испрашувала тинејџер од Канада, откако издлабил име на дрвен столб од храм изграден во 8. век.

Се тврди дека на 7 јули, 17-годишникот напишал „Џулијан“ на еден од столбовите во храмовниот комплекс Тошодаиџи Кондо во градот Нара. Храмот е на листата заштитени културни наследства на УНЕСКО и е еден од осумте историски знаменитости на древната престолнина Нара. Златниот тунел, во којшто се наоѓа столбот, се смета за национално богатство на Јапонија.

Момчето им кажало на полициските службеници дека немал намера да ѝ наштети на јапонската култура. Тинејџерот сега е со своите родители, со кои бил и дента.

- Иако тоа не било злонамерно, сепак е тажно и жалосно, изјави еден од монасите за тамошните медиуми.

Според јапонскиот Закон, секој што ќе оштети „важен културен имот“ може да биде осуден на затвор до пет години или парична казна од безмалку 2.000 евра.

Инцидентот во Нара следи по видеото на коешто Бугарин од Велика Британија се потпиша на ѕидот на античкиот Колосеум во Рим. Иван Димитров се соочува со правна постапка откако напишал „Иван + Хејли 23“ на камен од споменикот стар 2.000 години. Тој се извини и рече дека „не знаел колку е стара изградбата“, кога го направил тоа.  си/

Фото: Википедија.

Остани поврзан