• среда, 01 мај 2024

Канадските работници постигнаа договор со Форд, нема да има штрајк

Канадските работници постигнаа договор со Форд, нема да има штрајк

Отава, 20 септември 2023 (МИА) - Унифор, синдикатот кој ги застапува канадските автомобилски работници во Форд, постигна прелиминарен договор со американскиот производител на автомобили, па најавениот штрајк на повеќе од 5.000 членови на синдикатот беше спречен во последен момент, јави Си-Ен-Ен.

„Го користевме најмоќното оружје на нашиот синдикат: правото на штрајк. Кога компанијата Форд се соочи со можност за генерален протест, таа реши да ни даде добра понуда“, се вели во своето соопштение на Унифор.

Форд и Унифор не ги открија деталите од договорот. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан