• недела, 22 декември 2024

Канада ја смета Индија за „кибер закана“

Канада ја смета Индија за „кибер закана“

Отава, 31 октомври 2024 (МИА) - Канадската агенција за кибер безбедност, која е одговорна за спречување странци да се инфилтрираат во компјутерските мрежи во Канада, за првпат во извештај ја дефинира Индија како „кибер закана“, пренесува Анадолија.

Извештајот за Национална проценка на кибер закани (NCTA) се однесува на „кибер заканите“ со кои се соочуваат институциите и граѓаните во Канада.

Во извештајот се наведува дека Индија спроведува кибер активности за да ги шпионира канадските владини мрежи.

Исто така, во извештајот, кој се објавува на секои две години, се забележува дека индиските кибер закани се очекува да растат како што се влошуваат односите меѓу Индија и Канада.

Истакнато е и дека Кина, Северна Кореја, Иран и Русија упатиле „кибер закани“ за Канада и дека кинеските кибер напади се „неспоредливи“ и се сметаат за „најголема закана“ за кибер безбедноста на Канада. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан